Уште петмина Срби признале обид за државен удар во Црна Гора

Петмина државјани на Србија се спогодиле за признавање вина со Специјалното обвинителство на Црна Гора околу обидот за државен удар, објавуваат црногорските медиуми.

Според спогодбата, тие признале дека се дел од криминална организација и ќе поминат пет месеци во затвор, пишува „Победа“.

По спогодбата со Обвиниелството го напуштиле истражниот затвор во Подгорица и се на слобода со обврска до завршувањето на судската постапка да не ја напуштаат Црна Гора.

Според нивните искази, планот бил насилно да се влезе во зградата на
Собранието и да чекаат понатамошни наредби доколку Демократскиот фронт загуби на парламентарните избори.

Претходно три други ја признаа вината и инволвираноста во планот за државен удар во Црна Гора.