Уште тројца конзервативци во трката за наследник на Тереза Меј

Уште тројца британски конзервативци викендов влегоа во трката за наследник на премиерката и челничка на партијата Тереза Меј, која во петокот поднесе оставка, а во неделата се шпекулира дека умерените конзервативци се обидуваат да го спречат поранешниот лондонски градоначланик и шеф на дипломатијата Борис Џонсон, кој е фаворит, да ја заземе позицијата.

Поранешниот министер за брегзит, Доминк Раб, министерката за коориднација на Долниот дом на парламентот, Андра Лидсом, и министерот за екологија, Мајкл Хоув, ги најавија своите намери да ја заменат Тереза Меј.

Раб за BBC изјави дека ќе се бори за чесен договор за излегувањето од ЕУ, но дека доколку тоа не биде можно Британија од Унијата во октомври ќе излезе без договор. Според него, досегашните преговори на Лондон со Брисел не биле доволно решителни, и истакнува дека се борел за почесен договор со ЕУ, и за промена на аранжман за „бекстопот“.

„Успешното спроведување на брегзитот бара конзентрирање, дисциплина и репшителнсот. Како поранешен адвокат во министерството за надворешни работи и министер за брегзитот, јас го имам тоа искуство“, напиша Ран во написот објевен во весникот The Mail on Sunday.

Лидсом, пак, за весникот The Sunday Times вели дека, исто така, го поддржува брегзитот без договор, доколку тоа е неопходно.

„Мислам дека можам да понудам решително и сочувствително водство какво што ѝ е потребно на нашата земја. Би била горда да ја водам нашата голема партија и да ви служан како премирка“, напиша 56-годишната Лидсом на Twitter.

Гоув, исто така, потврди дека ќе се кандидира за челник на конзервативците, велејќи дека е „подготвен да го спроведе брегизитот и да ја води оваа голема земја“.

Главната задача на новиот премиер ќе биде водење на процесот на раздружување на остро поделеното Обединето Кралство од Европската унија. Мај ја најави оставката која ќе стапи на сила на 7-ми јуни поради неуспехот да го спроведе брегзитот. Се очекува и дека или ќе бидат распишани предвремени парламентарни ибори или дека премерката ќе ја замени нов лидер кој ќе бара поостро разијдувањето со ЕУ кој може да додје до судир ос Брисел.

Споменатите тројца политичари во трката ќе им се приклучат на минситерот за здравство Мет Хенкок, поранешниот министер за ндоврешни работи Борис Џонсон, актуелниот министер без ресор Џереми Хант, секретарот за меѓународен равој Рори Стјуарт и поранешната министерка за труд и пензиски систем Етер Меквеј. Медиумите оценуваат дека за премиерското место ќе се натпреваруваат десетина кандидати. Министерот за трговија Лиам Фокс и поранешниот заменик министер за брегзит Стив Бејкер во саботата не негираа деа и тие ќе се кандидираат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.