Усвоена информацијата за набавка на нов ангиограф за Институтот за радиологија

На третата редовна седница, Владата даде согласност Министерството за здравство да иницира постапка за набавка на медицинска опрема – ангиограф за потребите на ЈЗУ Универзитетски институт за радиологија Скопје во вкупна вредност од 60.000.000,00, средства планирани во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот во 2020 година, 2021 година и 2022 година.

Имајќи го предвид растечкиот тренд на кардиоваскуларни болести и посебно болестите на крвните садови, се утврди потребата за набавка на ваков апарат за Институтот за радиологија.

-Со набавката на новиот ангиограф во оваа установа дополнително ќе се подигне нивото на здравствената заштита за пациентите со срцеви заболувања. Станува збор за високософистициран апарат за иследување на крвните садови на мозокот, вратот, аортата, екстремитетите. Истовремено, со периферната ангиографија се откриваат најчесто стеснувања на артериите кои во текот на прегледот може и да се дилатираат и стентираат, а со тоа истовремено да се изврши и интервентна процедура, информираат од Министерството за здравство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.