Усвоена жалбата на смртната казна за „Бостонскиот бомбаш“

109

Американскиот Федерален апелациски суд во петокот ја поништи смртната каза израчена на доселеникот од Чеченија, Џохар Царнаев, осуден за помагање во терористичкиот бомбашки напад кој во 2013 година во текот на традиционалниот Бостонски маратон го изведен неговиот брат, кога беа убиени три лица а уште околу 260 беа повредени од кои многумина останаа инвалиди.

Американскиот Окружен апелациски суд со седиште во Бостон го прифати поголем дел од пресудата за помладиот Царнаев, но му нареди на судијата од пониската судска истанца да одржи нова постапка којашто исклучиво ќе се однесува на казната која осуденикот би требалода го добие за злостроствата поради кои е осуден, а кои моќе да резултираат со изрекување смртна казна.

Судијата на окружниот суд Рожери Томпсин во својата одлука изнел дека бнеговито колега кој го водел процесот направил пропуст при бирањето поротници, бидејќи не го осигури издвојувањето на оние кои би можеле да бидат приострасни при својата одлука, бидејќи биле изложени на опсежни извештаи за нападот и неговите застрашувачки последици.

Судијата Томпсон наведе дека судијата во постапката допуштил во поратата да бидат избрани оиние кои „веќе формирале мислење дека Џохар Царнаев е виновен“, савојата одлука ја темелел главно на нивниот потврден одговор на прашањето дали може да донесат одлука во овој случај ведејќи се само од изнесените докази.

„Ова е смешно“, кусо ја коментираше одлуката на судот американскиот претседател Доналд Трамп во говорот во сојузната држава Флорида.

Џохар и неговиот постар брат Тамерлан Царнаеви, активираа две рачно изработени експлозивн направи на 15-ти април 2013 година во близина на целната рамнина на Бостонскиот маратон, а пота пет дена се криеја и бегаа пред полициската потереа, сеејќи паника меѓу жителите на Бостон.

Три ноќи по нападот, кога сѐ уште не беа откриени потполно нивните инциденти, во обидот да побегнат од градот, Царнаеви украдоа автомобил а потоа убија полицаец на студентски кампус во бостонско предградие, кого го прегазија со украдениот автомобил. Бостонската полиција следните 24 часа го затвори градот и повеќето предградија на Бостон, и во голема потрага ги пронајде бекалците кои се сокриваа во брод во двор на една куќа. Подоцна беше објавено дека руското разузнавање претходно ги известило американските колеги за радикализацијата на постариот Царнаев.

Федералната порота во 2015 година го прогласи преживеаниот Царнаев по сите 30 точки од обвинението за што му е изречена смртната казна, бидејќи тој бил оник кој ја постовил експлозивната направа со која беа усмртени осумгодишното момченце Мартин Ричард и 23-годишниот кинески студен на размена Лингзи Лу.

Адвокатите на одбраната ја оспорија пресудата наведувајќи го судењето не смеело да биде одржано во Бостон, каде потенцијалните поротници биле изложени на потресни опсежни медиумски извештаи за нападот и жртвите, меѓу кои многумина претрпеа тешки телесни повреди.

Бил и Денис Ричард, родителите на осумгодишниот Мартин, во соопштенито кое беше објавно во 2015 година на насловната страница на весникот The Boston Globe,, побараа од американското Државно обвинителство да не бара смртна пресуда, бидејќи тоа само ќе ја продолжи нивната болка.

„Знаеме дека владата има свои причини за барање смртна пресуда, но констатното барање таква казна можќе да донесе повеќегодишни жалбени постапки и да ни го продолжи преживувањето на најболниот ден во нашите животи“, напишаа во соопштението кое беше објавено под насловот „За да ја запрете агонијата, откажете се од смртната пресуда“.

Царнаев на изрекувањето на пресудата ја призна вината за сторените злосторства.

„Жалам што одземав животи, за патењата кои ги предизвикав, за штетата која ја сторив, непоправливата штета. Доколку постио каков и да е сомнеж, виновен сум за овој напад, заедно со својот брат“, изјави тогаш Царнаев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.