Усвоени предлог стратешкиот план на Собранието 2020-2022 година и предлог буџетското барање за 2020-та

Буџетскиот совет на Собранието денеска ги усвои предлогот стратешки план на Собранието за периодот 2020-2022 година и собраниското предлог-буџетско барање за 2020 година.

Собранискиот генерален секретар Цветанка Иванова која го образложи предлог-буџетското барање на Собранието за 2020 година посочи дека при изготвувањето на овој предлог буџет основа за негово изготвување биле стратешките определби во стратешкиот план 2019-2022 и во тој контекст бил и акцискиот план за отворено владино партнерство.

Иванова вели дека годинашните потребни средства кои ги бараат во буџетот на Собранието за нормално функционирање се 540.422.000 денари и информира дека ланскиот износ на буџетските средства бил 588.699.000 денари.

Образложувајќи го предлог-буџетското барање на Собранието за 2020 година, Иванова посочи дека во делот на плати и надоместоци средствата кои ги предвидуваме за 2020 година се 320.847.000 денари, со кои, како што рече, е планирано покачувањето на платите најавено од 1 септември. За делот на стоки и услуги планирани се вкупно 166 милиони денари за редовно работење на Собранието.

– Делот што се однесува на патни дневни трошоци, комунални услуги, инвентар, поправки, тековно одржување, договорни услуги, оперативни расходи се внесени во оваа ставка и тие се исти со средствата кои беа предвидени за буџетот 2019 година. Нема зголемено трошење во Собранието за оваа намена, напротив трошењето за оваа намена е намалено, вели Иванова.

Со средствата, како што посочи се планирани привремени вработувања на 23 лица – асистенти кои работат во канцелариите на пратеничките групи во Собранието. Имаат предвидено и средства за ангажирање на две лица преведувачи од англиски на македонски и обратно. Таа посочи дека со  ангажирање на вакви лица Собранието троши помалку пари.

За капитални расходи, Иванова информира дека се ангажирани 22.353.000 денари.

– Не смее да се доведеме во прашање да паѓа гласање особено во ситуации каде што има потензична ситуација и да се доведеме во ситуација да се докажуваме дали е или не е изгласан законот. Тендерот е во тек за оваа голема набавка и очекуваме дека до крајот на годината би требало да се заврши, вели таа.

За 2020 година овие 22.353.000 денари ги предвидуваат за софтверска опрема и за доопремување на салите 5, 7, 8 и 9, кои немаат систем на озвучување и ќе се обидат со овие средства да воспостават во тие сали и систем за гласање.

Очекувано е, како што рече Иванова, да се стави во функција собранискиот канал, кој како што рече, ќе ја зголеми транспарентноста и диближивањето на Собранието до граѓаните. За таа намена предвидени се средства од 2.500.000 денари, но и донаторски средства.

– Имаме донторски средства во износ од 50.498.000 денари. Овие средства ќе бидат за купување, подобрување на ИТ мрежата, собранискиот канал, за бројни софтвери кои ќе го подобрат, за дата база на податоци, за нова веб страна итн, дополни Иванова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.