Јута до деветтата последователна победа, Голден Стејт осми пораз во низа

Јута Џез ноќта кон понеделникот со 127:116 на гостувањето ги совлада Вашингтон Визардс, стасувајќи до деветтата последователна победа и третото место во Западната конфереција со соодност 27-12.

Кошаркарите на Мемфис Гризлис забележаа победа над Голден Стејт Вориорс со 122:102. За домаќините ова беше петти триумф во серија,  додека за Голден Стејт осми последователен пораз.

Најуспешни екипи во досегашниот тек од првенството се Лос Анџелес Лејкерс на Запад со биланс 32-7 (победи-порази) и Милвоки Бакс во Источната конференција со сооднос 35-6.

РЕЗУЛТАТИ

Вашингтон – Јута 116:127
Денвер – ЛА Клиперс 114:104
Феникс – Шарлот 100:92
Бруклин – Атланта 108:86
Торонто – Сан Антонио 104:105
Мемфис – Голден Стејт 122:102
Њујорк – Мајами 124:121

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.