Љутков посочува дека Бисера Стојчевска промовира стар проект на ВМРО-ДПМНЕ како новитет на СДС

Новитетите во културата на Бисера од земјата на чудата! Парадите што ни се приредуваат од страна на СДСМ станаа секојдневие!, истакна на денешната прес-конференција Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Забрзано, безидејно, со цел да се покажат навидум стремежите кон “европските вредности”, пресовите и скапите медиумски владини кампањи стануваат пресмешни и немаат никаков ефект.

На една од нив, прес конференција на која овој пат во главната улога беше министерката Бисера, ни беа соопштени “новитетите” во културата на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес за 2024 година!

Пресот заврши, но останаа да лебдат вашите и лагите на вашите претходници, кои дрско и безочно ја уништија културата.

Срамот ќе си го носите многу долго, затоа што сите вие во 2017 година ги укинавте “новитетите”, односно креативните индустрии и деновите на македонска култура во странство.

Секоја година, од 2017 година наваму, после секој ваш прес на тема конкурс, жестоко сме реагирале и сме укажувале на сите ваши несоодветни постапки!
Колку пати јавно сме говореле и од петни жили сме се обидувале да допреме до вас за значењето и потребата од развој на креативните индустрии, за значењето на меѓународната промоција на Македонија и за културната дипломатија?!

И до сега ниту еднаш не не’ слушнавте?!

Па уште и промовирате нешто што на тацна ви го оставивме (развиено и етаблирано), а ваше беше само да го продолжите!

Што всушност кажавте вие на пресот, дека сега сте осознавале дека креативните индустрии постојат и каков економски бенефит носат во развиените средини?!

Па еве повторно, по стоти пат ќе ве потсетиме дека стратегијата за креативните индустрии во Република Македонија започна во 2009 година, преку мапирање и реализација на 6 успешни Конкурси со преку 300 поддржани корисници. Најголем процент на млади креативци, кои своите идеи ги изложуваат јавно и на годишни изложби.

Ви оставивме и одделение во министерството и стручен кадар, но вас тоа не ве интересираше па го преименувавте за да си финансирате квази интердиспципиланирни проекти.

7 години по ред буџетските средства брутално се распределуваат за невладини проекти или исклучиво за задоволување на поединци и здруженија од т.н. невладин сектор, односно шарените револуционери.

А, тоа што не го кажавте, е дека за 7 години само од таа буџетска програма се одлеани околу 4.750 000 евра, а бенефит од тоа, нема.

Министерке, неодамна отидовте на регионална Конференција за креативните индустрии во Црна Гора како Алиса во земјата на чудата. Таму беа сите министри со експертите од своите земји. Е сега со кого отидовте Вие и што кажавте таму и каков срам ни приредивте?!

И да, вистината е дека во Европа креативните индустрии се трет економски сектор кој генерира преку 500 милијарди евра годишно и 12 милиони редовни вработувања, нешто што ВМРО ДПМНЕ почна да го прави, одамна го знае, го следи и со внимание ги темели идните културни политики!

А вие 7 години денар не одвоивте и не оставивте на дното на мочуриштето.

Затоа ви се гледа крајот, а за кратко ќе имате прилика да видите што значи програма, стратегија и визија за градење на културна политика!, заклучи Љутков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.