Љутков: Реконструкција и пренамена на поранешен хотел Вила Зора во објект за стамбено домување на пензионерите и децата без родители

Општина Велес во изминатите четири години, преживеа стагнација или подобро речено уназадување во буквално сите сфери на општественото, економското, културното живеење. Оттука никој не е изненаден што и во делот на заштитата на најранливите категории, највозрасната популација – пензионерите и децата без родителска грижа, се најдоа на маргините на интересот на неспособната локална власт, вели Зоран Љутков, носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

„Додека нашите политички опоненти, тонат во шарени лаги за ниту еден невработен, во ситуација кога не донеле ниту една инвестиција во градов, ВМРО ДПМНЕ нуди проекти кои ќе влијаат врз незавидната положба на децата без родителска грижа и пензионерите.

Оваа напуштена и девастирана зграда на поранешниот пензионерски дом, ќе биде преуредена и наменета за стамбено домување на пензионерите и децата без родители!

Овие 2738м2 неискористен простор што денес се распаѓа ќе бидат преуредени во модерен комплекс за домување на пензионерите со ниски примања. Децата без родители пак, во овој простор ќе пронајдат свој дом како една од етапите за успешно интегрирање во општественото секојдневите.

ВМРО-ДПМНЕ се грижи за своите сограѓани и ги нуди најдобрите решенија за највозрасната популација и децата без родителска грижа !

Немаме време за губење, стартуваме по победата на 17 Октомври, затоа што натоложените проблеми треба да се решаваат, а нив не можат да ги решат оние што ги создадоа“, додава Љутков.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.