Љутков: Сите неправди кои што се случуваат на граѓаните на Македонија се и преку културата

„Ние шест години не видовме никаква тенденција во културата. Тие самите си признаваат дека ним културата им е на последно место. Не даваат никаков приоритет“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во радио „Лидер“ говорејќи дека власта воопшто не се грижи за културата во Македонија.
Љутков рече дека сите неправди кои што се случуваат на граѓаните на Македонија се и преку културата.

„Имаш министерка која вели заборавете на овие теми, заборавете малку на историјата, дајте со весели теми да се занимаваме. А, главниот столб се културата и образованието. Се што ни се случува овие шест години, сите напади на јазикот, на идентитетот, промената на името, ова што ни се случува сега со Бугарија, значи се е преку културата“, нагласи Љутков.
Тој посочи дека и оспорувањето на историски личности исто така се случува преку културата.

„Министерката моментално е испокарана со сите, дали со ликовни уметници, дали со музичари, дали со филмските работници. Со еден збор таа е испокарана со сите. Моментално сите филмски работници во Република Македонија се скарани со министерката дури и пишаа и писмо. А, тоа се нема случено во историјата на Македонија, да ти се потпишат сите филмски работници“, укажа Љутков.

Љутков додаде дека нема комуникација со министерката за култура. Таа не си ја знае работата.

Љутков во текот на емисијата се осврна и на титулата што ја доби Скопје – „Европски град на културата“ при што нагласи дека треба да се почне да се работи на инфраструктурата и на капитални проекти.

„Во 2028 година ќе бидат централните настани во Скопје. Но, ние мора инфраструктурно да се подготвиме за да ги дочекаме сите проекти. Една од важните работи е што ние во моментов немаме концертна сала“, нагласи тој.

Тој посочи дека се кратат капиталните инвестиции во културата, буквално ќе стасаат и до нула.

„Еве сега има, не го викаат ребаланс туку прераспределба на средства. Значи ќе нема ниту една капитална инвестиција“, рече Љутков.

Љутков укажа министерството за култура нема пари за капитални инвестиции, се што доаѓа од Буџетот оди само во плати.

„Мислам дека за „Европски град на културата“ до избори нема ништо да слушнеме од министерството за култура со каква динамика ќе се подготвуваат“, појасни тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.