Уточнета најисточната точка на Европа

Научниците од Универзитетот за рударство во Урал ја одредија најновата најисточна точка во Европа, којашто е лоцирана 800 метри од онаа каде што во 2003 година беше поставен ознаката од руско-белоруската експедицја, потврдил во четвртокот за агенцијата РИА, директорот на уралскиот рударски центар, Фират Нурмухаметов.

„Според описите на локалните геолози, координатите не се совпаднаа со точката којашто ја забележавме со белоруските научници. Таа е околу 800 метри понастрана“, вели соговорникот на агенцијата и додава дека за тоа е информирано Руското географско здружение.

Според Нурмухаметов, најисточната точка на Европа била регистрирана, но немала правен статус. На локалитетот била поставена метална табла, која ја урнале локалните жители. Според уредникот на локалниот весник Уралски патешественик, кој учесвувал во експедицијата, точката се наоѓа меѓу Јамало-Ненецкиот автономен округ и Кома, недалеку од езерото Мало Шучие, на ткн Поларен Урал.

Инаку Европа е определена досега со трите најкрајни точки на континентот. Најсеверната е во Норвешка – Нордкин , најзападната во Португалија – ртот Рока, а најјужната во Шпанија – ртот Мароки. Додека најсеверната е во Русија, но таа не е одбележена.

Особено локалните власти на Урал сакаат оваа локација да ја претстават како голем туристички бренд, како што тоа го прави Западна Еропа. Всушност на тоа се работи последните четири години, кога била прецизирана најсеверната точка, но поради повеќе причини процесот бил ставен во втор план. Идејата прво мора да се истакне, да привлече свои поддржувачи а кога нивната бројност ќе достигне критична вредност – процесот започнува, појаснува уредникот Максим Фирсов.

Во 2003 година заедничко руско-белоруска експедиција, која претходно ги посети трите крајни точки на Европа, ја презема задачата да ја одреди вистинската четврта крајна точка на континентот. Експедицијата тогаш на одредената локација постави ознака во облик на глобус со две стрелки во правец на Европа и на Азија.