Утре без струја делови од Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека во понеделник поради технички зафати во мрежата без електрична енергија ќе останат следните корисници:

– во време од 08.00 – 15.00 часот дел од ул. Благоја Мучето (о. Аеродром);
– од 08.25 – 15.00 часот дел од ул. Христо Татарчев бр. 22 (о. Кисела Вода) и
– од 09.00 – 14.00 часот дел од с. Волково кај црквата (о. Ѓорче Петров).