Утре без струја делови од Центар, Карпош, Кисела Вода и Горно Соње

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 21.10.2021 година (четврток) се планирани следните прекини во снабдувањето со електрична енергија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
на ден 21.10.2021 година ( четвтрок ) :

• од 0800 до 16:00 часот, корицниците од Бул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.53 (од ресторант Лајт до бурекџилиница Даглас), ул.Св.Кирил и Методиј бр.53 и 56 (сервис за коли Ауто Ин Џеповски и Јамаха и други дуќани до АМСМ. (Општина Центар)

• од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на дел од Горно Соње (Општина Сопиште)

• од 12:00 до 13:30 часот, корисниците од Бул.Партизански Одреди бр.65,69, 71 и 73.. (Општина Карпош)
• од 08:00 до 12:59 часот, корисниците на дел од с. Волково. (Општина Карпош)

• од 09:00 до 13:00 часот, корисниците на дел од ул.Домазетовска и ул.Китка (Општина К.Вода)