Утре без струја делови од Габи Баба, Ѓорче Петров и Сарај

Поради планирани технички зафати во електро дистрибутивната мрежа на ЕВН Македонија, на ден 08.11.2022 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:

– во време од 04.00 – 15.00 часот објектите на Вивакс, Електроелемент, Електрометал и Лек (о. Гази Баба);
– од 09.00 – 14.00 часот дел од ул. Црвена Армија, објектот на противпожарна бригада во Ѓорче Петров, објектите околку паркот во Ѓорче Петров и објектот на Тинекс Маркет (о. Ѓорче Петров) и
– во време од 09.30 – 14.30 часот корисниците од селата Глумово, Шишево, Горна Матка и објектот на Музеј Матка (о. Сарај).