Утре без струја делови од неколку скопски општини

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 10.02.2021 година (среда) без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од ул. Невена Георгиева Дуња и ул. 368 во населба Кисела Вода. (Општина Кисела Вода)
– во периодот од 08.45 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Глумово. (Општина Сарај)
– во периодот од 09.00 до 11.30 часот, корисниците од ул. Јурумлери, како и корисниците од улиците бр. 6, 7, 8, 10, 13, 14 и 15 во населба Јурумлери. (Општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците од ул. 5, ул. Првомајска и ул. 32, како и корисниците лоцирани над училиштето за деца со посебни потреби во село Усје. (Општина Кисела Вода )
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (Општина Ѓорче Петров )
– во периодот од 11.00 до 14.15 часот, корисниците од ул. 100 и ул. 101 како и корисниците од споредните улички кај КАМ Маркет во населба Новоселски Пат. (Општина Ѓорче Петров )