Утре без струја делови од општините Ѓорче Петров и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека:
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
на ден 18.11.2021 година ( четврток ) :

–  од 09:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Браќа Галеви. (Oпштина Ѓорче Петров)
–  од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Франц Месеснел. (Oпштина Карпош)