Утре без струја делови во Бутел и Ѓорче Петров

Заради  технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат жители на општините Бутел и Ѓорче Петров, соопштуваат од ЕВН Македонија.

Од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на дел од ул. Бутелска (Општина Бутел) и од 09:30 до 11:00 часот, корисниците од дел на село Кучково (Општина Ѓорче Петров).