Утре без струја дел од општините Ѓорче Петров и Илинден

Без електрична енергија утре ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Илинден.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи Град Скопје, утре во периодот од 10:30 до 15:15 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од ул.„Воин Драшкоци“, „Лихнида“, а можно е и дел од корисниците на ул. „Александар Мартулков“ и „Панко Барашанов“ во Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од новопроектираната улица во новата населба„Јака“ во Марино и дел од улицата „Мост“ во општина Илинден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.