Утре без струја Сарај, Ѓорче и Гази Баба

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, 05.06.2014 година, без електрична енергија ќе останат корисниците од Сарај, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците 1, 2, 3, 4 и 5 во селото Грчец, општина Сарај.

Корисниците од улица 22 и околните улици во Трубарево, општина Газа Баба без струја ќе бидат во периодот од 9 до 15.30 часот, а од 10 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Љубин во Ѓорче Петров.