Утре без струја делови од населби во неколку скопски општини

скопје

Утре од девет до 12 часот ќе немаат струја и корисниците од дел од бул. „Метрополит Теодосиј  Гологанов“, односно објектите во близина на Интернационалното  училиште –  Нова, во општина Карпош, а од девет до 14 часот, корисниците  од дел од ул. „10“ во нас. Сарај, како и корисниците од дел од  ул. „Брсјачка Буна“ во општина Шуто Оризари.

Прекин во снабдувањето со струја утре од девет до 15 часот ќе има кај корисниците од  ул. „Дренак“, ул. „367“, дел од ул. „Невена Ѓоргиева Дуња“ и  дел од ул. „Балзакова“ во општина Кисела Вода, а од 13 до 14 часот, корисниците од  дел од ул. „Доситеј Обрадовиќ“, ул. „Дино Петров“, дел од ул. „Димо Хаџи Димов“,  ул. „Мишко Михајловски“ и ул. „Тоне Томшиќ“ во општина Кисела Вода.