Утре без струја корисници во Лисиче и Драчево

Во Скопје без струја утре од осум до девет часот ќе бидат корисниците од ТЦ „Лисиче“, локали во близина на „Маркет Елида“, од девет до 13 часот од дел од ул. „Востаничка“( броеви од 88 до 138), а од 08:30 до 09:30 часот од населба ДРАЧЕВО, куќите во потегот помеѓу улиците „Солунска Глава“, „Илија Ристевски“ и „Јустинијан Први“, информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

РЦУК информира за исклучувањата во електросистемот по известување добиено од „ЕВН Македонија“.