Утре без струја жителите во шповеќе скопски општини

Од „ЕВН Македонија“ АД известија дека во четврток без електрична енергија поради закажани технички зафати ќе останат корисниците во повеќе скопски општини.

Во периодот од 10 до 18 часот корисниците од селата Ајватовци, Бујковци, Бучинци, Грушино, Мршевци и Бунарџик во Општина Илинден.

Во периодот од 8 до 10 часот корисниците од селата Текија, Мршевци, Бучинци, Бујковци, Дељадровци и дел од селото Миладиновци во Општина Илинден.

Во периодот од 8 до 15 часот корисниците од булеварот „Србија“, фирмите „Микро Асул“ и околината, поранешен „Ино Спектар“, сервисите за возила, улицата „Христо Татарчев“ 15, сервис „Скендеровски“, како и делот кај новиот кружен тек во Општина Кисела Вода.

Во периодот од 6,30 до 11 часот корисниците од селата Бунарџик, Ајватовци, Кадино, трафостаници Завар, Интергрос и Амајлија во Општина Илинден.

Во периодот од 13 до 16 часот корисниците од улицата „Васил Ѓоргов“ бр. 6 и бр. 7, корисниците од улицата „Козара’ од бр. 1 до бр. 22 и објекти од околинатa во Општина Центар.4

Во периодот од 8,30 до 13,30 часот корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ од бр.10 до бр.30. во Општина Карпош.