Утре без вода корисниците на дел од улиците „Максим Горки“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Лермонтова“

Корисниците на дел од улиците „Максим Горки“, „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Лермонтова“ утре од 08:30 часот нема да имаат вода.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје причина за прекин во водоснабдувањето е дефект на приклучна цевка ф-80 милиметри на улицата „Максим Горки“ 31.

Прекинот ќе трае до санација на дефектот.