Утре без вода остануваат дел од корисниците во Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 08.01.2019 година (вторник), поради уличен дефект на ул. Васил Ѓоргов бр.3 4 во Капиштец ќе биде прекинато водоснабдувањето во делови од населбата.

Без вода ќе останат жителите од улиците: Васил Ѓоргов, Миле Поп Јорданов, Јуриј Гагарин, блоковите број 1, 3 и 5 на ул. Франклин Рузвелт и Министерство за економија од 08:00 часот па се до санирање на дефектот.