Утре делови од Бутел и Шуто Оризари без вода

Од Јавното Претпријатие Водовод и Канализација известуваат дека утре (понеделник):

– поради штопирање на стара мрежа Ф-75 мм на ул. 7 бб (до мостот) во с. Љубанци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од с. Љубанци, во време од 10:00 часот до санирање на дефектот (о. Бутел)
– на ул. Гвадалахара бб (кај резервоарот Шуто Оризари), ќе се санира уличен дефект од Ф-2“ и Ф-300 мм, а со прекинато водоснабдување ќе останат корисниците на улиците: Иљо Војвода и дел од Бутелски Венец од 09:00 часот до завршување на дефектот (о. Шуто Оризари).