Утре делови од Скопје без струја и без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН и ЈП Водовод и канализцаија, ги известува граѓаните дека:
Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, на ден 07.12.2022 година (среда), без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
– Во период од 08,30 до 10,30ч. с. Глумово, Шишево и Матка (о. Сарај);
– Од 09,00 до 12,00ч. с. Бардовци мв. Село (о. Карпош);
-Од 08,30ч. до 14,00ч. Драчево ул. Киро Фетак  од крстосница со ул. Иван Мажураниќ до крстосница со ул. Иван Хаџиниколов (о. К. Вода);
-Од 08,00 до 10,00ч. ул Финска н. Синѓелиќ (о. Г.Баба);
– Од 10,00ч. до 14,00ч. ул. Жеглање н. Синѓелиќ (о. Г.Баба);
– Од 08,00ч. до 15,00ч. ул. Митре Влаот од бр. 1 до бр.9 (о. Аеродром) и
– Од 09,00 до 14,00ч. с. Црешево, с.Смиљковци, Љуботенски Пат, ЗИК и Гасовод Бутел (о. Бутел)

Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа на ден 07.12.2022 година ( среда ), без водоснабдување ќе бидат корисниците од о. Центар и тоа
-Поради изведување на водоводен приклучок ф-200 мм на ул. Мајка Тереза 40 (Водњанска), во периодот од 09.00 часот па се до завршување на интервенцијата без вода ке останат корисниците на дел од истата улица. (о. Центар ).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.