Утре ќе работат дежурните ординации во трета смена во скопските поликлиники

Од Здравствен Дом-Скопје информираат дека во текот на утрешниот ден (среда, 15 јули), кој е прогласен за неработен ден, согласно вообичаениот распоред за работа за недела и за празници ќе функционираат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, во поликлиниките: Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.

Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.