Утре е работен ден за сите граѓани

Утре, 7 мај, денот кога папата Франциск ќе престојува во еднодневна посета на земјава е работен ден за сите граѓани, соопшти Владата.

Организацискиот одбор за посетата на папата денеска соопшти дека сите подготовки за реализација на програмата на апостолската посета на Папата Франциск на Република Северна Македонија се завршени.

Сите граѓани ќе имаат непречено движење во градот, но сепак позабавено и согласно посебниот сообраќаен и безбедносен режим, кој е воведен поради посетата на папата. Оние кои живеат или работат во централното градско подрачје ќе имаат непречен пристап до своите домови и работни места. На оние кои работат во центарот на градот им се препорачува да излезат половина час порано од вообичаеното за да стигнат навреме на работните места.

Сите информации за посебните сообраќајни правила и за работата на јавните здравствени установи можат да се најдат на веб страницата https://papa.mk/.