Утре ќе се одлучува дали во Македонија ќе се воведат нови рестриктивни мерки

Утре ќе се разговара за евентуалните нови мерки за заштита против ширењето на делта сојот на коронавирусот.

Комисијата за заразни болести во понеделник ќе треба да процени дали тестовите се вистинска мерка со која ќе може да се заштитиме од ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој веќе се рашири низ Европа и дали има потреба од воведување нови мерки во однос на заштита на границите.

„Треба да се разговара дали е тоа вистинската мерка со која може да се заштитиме“, изјави Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.