Утре и за викендот локален пороен дожд и засилен ветер

Утре и за време на викендот во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во сабота на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Утринските температури ќе се движат од 13 до 23 степени, а дневните од 28 до 36 степени.

Од понеделник повторно ќе биде сончево со пораст на температурите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.