Утре ќе се крпат ударните дупки на автопатот Гостивар-Тетово

На автопатот Гостивар -Тетово на потегот, од наплатната Гостивар до наплатната Тетово, утре ќе се изведуваат градежни работи за крпење на ударните дупки, информира АМСМ.

Оттаму препорачуваат внимателно управување со возилата и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.