Утре ќе стартува изградбата на автопатот Миладиновци-Штип

Утре ќе започнат градежните активности за изградба на новиот автопат Миладиновци – Штип.

Автопатот е со вкупна должина од 47 километри и широчина од 27 метри, долж кој предвидени за изградба се и осум натпатници и пет потпатници.