Утре на Водно, Европско планинско трчање

Повеќе од 250 атлетичари ќе учествуваат на Европското планинско трчање кое утре ќе се одржи на планината Водно кај Скопје. Според организаторите, на него ќе допатуваат најдобрите атлетичари во оваа дисциплина од 29 европски земји. Претседателот на Атлетската федерација на Македонија информираше дека оваа манифестација има најмногу учесници од сите досегашни 17 изданија на трката.

Ова е специфичен настан, но има светла иднина и чест ми е да најавам дека идната година, а за ова одлучивме пред една недела, Скопје ќе биде домаќин на Европското екипно првенство, трета лига и ова уште отсега е официјално, рече Добромир Карамаринов, потпретседател на Европската федерација.