Утре не чека дожд, од недела пад на температурите

снег

Од УХМР информираат дека под влијание на влажна воздушна маса од Медитеранот, утре ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Пообилни врнежи ќе има во попладневните часови, во западните и североисточните делови, каде локално се очекува да наврнат над 25 на литри на метар квадратен. Во југоисточните подрачја ќе има услови и за ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој на места ќе достигнува брзина до 70 километри на час.
Од недела, нашето подрачје ќе потпадне под влијание на висок воздушен притисок, кој ќе услови стабилно, но посвежо време. Дневните температури ќе опаднат за неколку степени, а утринските на места ќе се спуштат под нула.