Утре нов протест на „Петоци за иднината на Скопје“

фото Независен весник

Движењето „Петоци за иднината Скопје“, утре во 15 часот ќе одржи протест пред Парламентот од кој, како што соопштија, ќе побараат да запре фарсата на партиите  во врска со законот за отпад. Од таму најавија дека во следниот период нивните  активности ќе кулминираат преку герилски акции, демонстрации и различни форми на граѓанска непослушност.

Протестниот собир ќе има централен перформанс – симболично седнување на улицата, кое ќе ја претставува чекалницата во која се наоѓаат граѓаните додека се донесе решение за секојдневното труење од согорување отпад.

„Ќе седиме, но не со скрстени раце, затоа што долгата битка, која минатата есен ја нарековме зелена револуција, продолжува во 2020“, најавуваат од Младинското движење за климатска правда.

Тие велат дека властите досега не исполниле ниту еден процет од списокот со барања на коалицијата „Зелен фронт“.