Утре обилни врнежи од дожд

Денеска времето ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни делови ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе се движи од 16 до 24 степени.

Утре попладне под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд, кои во ноќните часови во јужните и источните делови се очекува да бидат пообилни. Во среда на места ќе има и локална појава на грмежи, а потоа до петок ќе биде претежно стабилно со пораст на дневната температура.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.