Утре облачно со дожд, а на планините ќе паѓа снег

Времето во земјава утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и услови за локална појава на замрзнат дожд, а на планините ќе паѓа снег.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег на повисоките места, каде што ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од три до 10 степени.

Во Скопје умерено облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до пет степени.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.