Утре во Македонија не очекува облачно време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и над 30 л/м2.
На некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, а ќе се формира и снежна покривка, особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневната температура ќе се движи од два до 10 степени.
Во сабота претпладне ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а во недела ќе преовладува променливо облачно време, посвежо со слаб претежно северен ветер. Во деновите потоа утринските температури по некаде ќе бидат и под нулата, а дневните во постепен пораст.