Утре одлука за замрзнување на цените на хигиенски производи, се разгледува можноста и за овошјето

На утрешната владина седница се очекува да се донесе одлука за замрзнување на цените на палета хигиенски производи, а се разгледува и намалување на цените на некои овошја, најави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Тој денеска не откри кој датум ќе биде земен како точка на која ќе се вратат актуелните цени на тие производи.

„Најверојатно, утре на седница на владата, ќе се донесе одлука за замрзнување на цените на хигиенските производи…ги чекаме и анализите од Царинската управа во делот на увозните цени кои ги пријавуваат трговците кои се занимаваат со овошје и зеленчук, па да видиме колку е разликата во делот на маржите за да можеме во текот на оваа недела и увозните производи, кои генерално се овошјата, да ги замрзнеме“, рече Бектеши.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.