Утре почнува Светскиот економски форум во Давос

21

Светскиот економски форум, кој еднаш годишно се одржува во Давос, Швајцарија, почнува утре и ќе трае до 24 јануари. Главни теми на овогодишниот собир се климатските промени и дејствување, а една од најважните сесии е „Спречување на климатската апокалипса“.

На состанокот ќе учествуваат некои од најголемите светски компании, а организаторите на Форумот од сите нив ќе побараат да се обврзат на постигнување на нето-нулта емисија на јаглерод до 2050 година или порано.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.