Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

На 25.09.2021 (сабота) во Скопје ќе се одржи ,,Социо-еколошки форум Скопје 2021“. Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.