Утре повеќе улици во Скопје без вода

Без вода денеска од 08:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Мирче Ацев“ на потег од ул.„Крушевска Република“ до ул.„Никола Караев“.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф 80мм.на улица „Мирче Ацев“ бб до ОУ „11-ти Октомври“.

Додека, пак, од 08:30 часот без водоснабдување ќе бидат корисниците на улица „Коце Металец“, Поликлиника Ремедика и Поликлиника Железара, поради замена на три затварачи (Шибер) Ф200мм. на улица „Коце Металец“ 2В.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектите.