Утре „Прв до врв“ на Водно

Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје, информира дека утре, 1 јуни 2014 година, ќе се одржи спортско-рекративниот настан „Прв до врв“. Целта на настанот на кој масовно ќе се упатот кон врвот на Водно илјадници планинари и велоспедисти е да се одбележи третиот роденден на жичарницата „Милениумски крст“.

Планот е оваа манифестација да прерасне во традиционална и да се случува на првиот викенд во јуни.

Најмасовен дел на Прв до врв е трката во планинско трчање, во која спортисти и рекреативци ќе тргнат кон целта по своето најдобро време во искачувањето на Водно, од основното училиште Кочо Рацин па се до врвот на Водно.

Велосипедистите ќе се натпреваруваат стартувајќи од Музејот на град Скопје па се до целта на врвот на Водно.

Во забавниот дел од настанот е предвидено да се одржи церемонијата на доделување награди за најдобрите, по што ќе следува музичка програма со настапи во живо на DJ-и и настап на музичката група South park.

Можат да учествуваат сите старосни групи од 7-77 години, во машка и во женска конкуренција. Сите натпреварувачи можат да се пријават и да го подигнат натпреварувачкиот пакет со својот број и маичка на специјално поставениот двокатен автобус на ЈСП СКОПЈЕ на плоштад до сабота од 9- 20 часот.

Организатор на „Прв до врв“ е ЈСП СКОПЈЕ и Град Скопје, во соработка со Жичницата Милениумски Крст, Атлетската и Велосипедската федерација на Македонија.