Утре се слават Свети Василиј Велики и Православна Нова година

83

На 1 јануари според стариот, односно 14 јануари според новиот календар, христијанските верници празнуваат три празници: Обрезание Господово, Свети Василиј Велики и Православна Нова Година.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил голем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил на овој ден во 379 година.

Именден на овој ден празнуваат: Васил, Василка, Васка, Весела, Веселинка, Веска, Нове, Новка…

Традицијата за Василица во Македонија се негува со векови. Пример за тоа е Вевчанскиот карневал.

Со традиционалното дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ја прикажат изминатата година, денеска напладне официјално почнува Вевчанскиот карневал „Василичари 2022 година“.

Вевчанскиот карневал, кој датира од настанокот на Вевчани, со традиција од околу 15 века симболизира два паралелни света, едниот му припаѓа на паганството, а другиот на христијанството.

Дел од Македонија на овој ден празнува на тој начин што се маскира, во некои делови се прави пита со паричка во чест на Св.Василиј, а некаде се палат и Василичарски огнови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.