Утре судско рочиште за забрана на „Ругање со Христос“

Во Основниот суд Скопје 2 утре ќе се одржи рочиште на кое ќе се расправа за забрана на прикажување на филмот „Ругање со Христос“, објави на социјалните мрежи режисерот на филмот, Јани Бојаџи. Како што претходно информираа медиумите, Министерството за култура преку Државниот правобранител побара судска забрана за филмот бидејќи можел да ги наруши меѓуетничките односи.

Ете, стасавме и до тука! Утре во 11.00 часот во Основен суд 2 во Скопје, на предлог на државниот Правобранител а на барање на Министерството за култура ќе се одржи рочиште на кое се бара забрана за прикажување на играниот филм ,,Ругање со Христос,,! Драги мои фашисти! Ова мене ми е работа. Јас од филм живеам. Немам друга професија. Со ова вие мене ми ја забранувате работата!, напиша Бојаџи на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.