Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Регулаторна комисија за енергетика

ВМРО-ДПМНЕ за в петок во 14 часот најави протест против поскапувањето на струјата пред седиштето на Регулаторната комисија за енергетика.

Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев рече дека еден час ќе ги блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија, чие седиште се наоѓа во центарот на Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ во средата протестираше против поскапувањето на струјата. На протестот тие побараа – поевтина струја, професионализација на Регулаторната комисија и како што велат, оставка на партиските инсталации во комисијата на чело со претседателот Марко Беслимоски. Но Јанушев вели дека досега од власта молчат на нивните барања, па затоа продолжуваат со протести.