Утре времен прекин на сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради изведување градежни работи на пат – минирање и дупчење на косини во двата правци, ќе има прекин во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан.

Како што информира ЈП „Македонија пат“, прекинот на сообраќајот ќе биде во времетраење од 15 до 20 минути во периодот помеѓу 11 и 14 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.