Утре започнуваат изборите за Европски парламент – Холанѓаните и Британците гласаат први

Европските избори започнуваат утре со отварањето на бирачките места во  Холандија и Британија, а ќе траат до недела 25 мај до 23 часот кога ќе се затворат избирачките места во Италија.

Во петок, 23 мај, ќе гласаат граѓаните на Ирска, Чесите ќе гласаат на 23 и 24 мај, Летонија, Малта и Словачка на 24 мај, Италијанците на 24 и 25 мај, а останатите членки на ЕУ ќе гласаат во недела на 25 мај.

Новиот состав на ЕП за наредните пет години ќе го избираат околу 380 милиони гласачи во 28 земји членки, резултатите ќе бидат објавени вечерта на 25 мај, а конечниот состав на ЕП ќе биде познат на конститутивната седница од 1-ви до 3-ти јули.

Новиот Европски парламент ќе има 15 пратеници помалку отколку досег а, 751 наместа 766. Најмногу пратеници ќе има Германија – 96, следуваат Франција со 74, Велика Британија и Италија со по 73 и Шпанија со 54, додека минимум од по 6 места ќе имаат Малта, Луксембург, Естонија и Кипар.

По најновот истражување на јавното мислење, објавено на сајтот на Европскиот парламент, во новиот состав на парламентот водечка улога и понатаму ќе имаат и досега најсилните групи – Европскат народна партија и Прогресивната алијанса на социјалистите.

По истражувањето од 12 мај кое го спроведе агенцијата TNS Opinio за Европскиот парламент, групата на Европската народна партија ќе има 221 место во Парламентот или 9,43 отсто , а социјалистите 194 места или 25,83 отсто.

Групата Либерали и демократи (АЛДЕ) ќе има 62 пратеници или 8,26 отсто, на зелените че им припаднат 52 места во Парламентот или 6,92 отсто, а на левицата 45 места или 5,99 отсто.

Ова се први избри на кои блиску 400 милиони избирачи би можеле за првпат индиректно да влијаат на изборот на новиот претседател на Европската Комисија.

Кандидатот за претседател на Европската Комисија го именува Европскиот совет, кој го сочинуваат претседателите на државите и владите, но овојпат, и на основа на Лисабонскиот договор, одлуката мора да биде донесена со квалификувано мнозинство, земјаќи ги предвид резултатите од избори за Европскиот парламент.

Неформалните разговори за наследникот на Хозе Мануел Баросо, кој е на чело на Европската комисија 10 години, почнуваат на 27 мај кога лидерите на 28-те земји членки на повик на претседателот на Европскот совет Херман ван Ромпуј треба да се состанат на вечера во Брисел.

Кандидат  за претседател на Европската комисија би требало да биде именуван на самитот на ЕУ на 26 и 27 јуни.

Во текот на јуни ќе бидат формирани пратенички групи во ЕП, а конститутивна седница ќе се одржи од 1-ви до 3-ти јули, кога треба да се избере нов претседател на парламентот.

Претседателот на Европската комисија ќе биде избран на седница на ЕП од 14 до 17 јули, а во октомври парламентот би требало да гласа за целата Европска Комисија, која должноста треба да ја превземе на 1-ви ноември.

Европските лидери до крајот на годината мораат да изберат нов претседател на Европскиот совет, кои ќе го заменат Херман ван Ромпуј и новиот висок претставник за надворешна и безбедносна политика наместо Кетрин Ештон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.