Утре завршува рокот на неколку вонредни владини уредби, како за потрошувачките и брзите кредити

Утре завршува рокот на неколку уредби со законска сила кои беа донесени поради здравствената криза а чиј рок на важност беше 90 дена по престанувањето на вонредната состојба. 

Престанува да важи Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба. Вкупните трошоци како камата, провизија и други тошоци за потрошувачките кредити што ги даваат банките, или пак финансиските друштва во форма на таканаречени брзи кредити, ќе бидат 47,5 отсто од позајмицата, наместо 30 проценти.

Годишната стапка на вкупни трошоци може да биде најмногу пет пати повисока од стапката на законската казнена камата утврдена согласно со Законот за облигационите односи за договорите во кои барем едното лице не е трговец.Инаку Казнената камата за периодот од 1 јули до 31 декември 2020 година е 9,5 проценти.

Нема да има ниту ослободување од ДДВ за стоки и услуги купени со донирани пари.а исто така сите започнати стечајни постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, продолжуваат од утре.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.