Утринава апсење во Скопје, приведен е 34 годишник

Денеска (23.11.2022) во 09.35 часот на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ж.(34) од Скопје.

Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.