Утринава нов земјотрес во Македонија

Нов земјотрес со послаба јачина рано утринава се почувствува во Македонија.

Податоците од ЕМСЦ покажуваат дека земјотресот бил регистриран во 4:51 часот утринава повторно во мавровскиот регион.

Потресот бил со јачина од 2,1 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри.

Македонија вчера во 4:54 часот наутро беше погодена од силен земјотрес со јачина од 5 степени, по што следуваа поголем број потреси со послаб интензитет. Земјотресот беше почувствуван и во земјите од регионот.